Loading Video...
Кошарка
18. јуни 2018 - 13:49

Македонските кошаркари ги започнаа подготовките за мечот против Швајцарија

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, денеска ги започна мини подготовките за последниот квалификациски меч против Швајцарија. 
 
Без неколкумина играчи кои поради повреди го откажаа својот настап (Соколов, Николовски и Маслинко), како и новиот натурализиран Македонец, Шејн Витингтон, кој ќе биде замена за сонародникот Хендрикс кој реши да се пензионира, селекторот Јорданчо Давидков ја имаше првата прозивка на играчите на кои ќе смета за мечот против Швајцарија на гостински терен 
 
„Сигурно дека ќе фали Ричард Хендрикс, бидејќи играше одлично во претходните три меча. Витингтон не е ист тип на играч како Хендрикс, но има добар шут и може да игра и на надворешните позиции, но и под обрачите. Има добро искуство, играл во најсилните лиги во Европа, Русија и Шпанија, мислам дека ќе се вклопи добро“, изјави капитенот Војдан Стојановски од кој се очекува и овојпат да биде лидер на тимот, додавајќи: „Нам ни останува добро да се подготвиме во следните десет дена и да победиме таму. Нема да би ни малку лесно, тоа го видовме на домашен терен. Немаат класичен центар играат брзо, тука е италијанскиот селектор. Ќе мора да го дадеме максимумот и да оствариме нов триумф“. 
 
Првиот тренинг го пропуштија и Бојан Крстевски, како и Александар Костоски. Првиот има повреда на грбот и ќе почне да тренира во наредните денови, а Костоски ќе доцни два дена, 
 
„Ова е тежок период за кошаркарите доаѓа по крај на сезона. ОСоставот ќе биде изменет бидејќи откажаа тројца кошаркари. Же се обидеме да ги вратиме кошаркарите во натпреварувачка форма и овие десеттина дена добро да се подготвиме за циклусот да го завршиме на првото место со уште една победа против Швајцаријa. Но, нема да биде воопшто наивен натпревар. Ќе биде тежок дуел против навистина солидна екипа која има неколку играчи од екс-југословенските простори. Знам дека сите очекуваат победа од нас, но ќе треба навистина максимален ангажман за да се реализира тоа“, изјави Давитков на првиот собир.
 
„Новајлијата“ Витингтон, ќе биде новиот адут на црвено-жолтите во скок играта, а тој очекува дека бргу ќе се прилагоди на системот на игра на нашиот национален тим. 
 
„Чест ми е што ќе бидам дел од селекцијата на Македонија за која слушнав навистина убави зборови. Се радувам што ќе бидам дел од еден добар кошаркарски систем. Знам дека имате одлични успеси во минатото и желбата е да се врати Македонија на тие патеки. Разговарав и со најдобриот словачки кошаркар Кајл Куриц кој ми кажа дека Македонија е навистина силна селекција. Затоа ми е задоволство што сум тука, изјави натурализираниот Македонец.
 
Натпреварот меѓу Швајцарија и Македонија се игра на 28 јуни во Фрибург (од 19:30 часот). 
 
Нашата селекција досега има максимални три победи, во претквалификациите за ЕП 2021 година, и тоа, покрај двете над Словачка и триумфот во Скопје, каде ја порази Швајцарија со 15 поени разлика (83-68).