Спорт плус
5. February 2019 - 15:13

Македонските каратисти подготвени за ЕП

Македонија ќе биде претставувана од 29 каратисти на претстојното Европско првенство (ЕП). 51-та земја меѓу кои и Македонија ќе има свои каратисти на 46-то ЕП за кадети, јуниори и помлади сениори, кое од 8-10 февруари ќе се одржи во Алборг, Данска. 
 
Тој повод денеска во Агенцијата за млади и спорт беше организирана прес конференција, на која директорот Дарко Каевски, имк посака успех на нашите каратисти. 
 
„Карате федерацијата на Македонија по традиција во последните неколку години остварува врвни резултати на речиси секој настап на меѓународен план.Со последниот освоен медал во Сочи,  Фахик Весели стана европски вицешампион и заслужено ја понесе титулата најдобар млад спортист на Македонија за 2018 година“, истакна Каевски. 
 
Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт останува на своите патеки, во насока на поддршка на спортистите и Националните спортски федерации, особено кога станува збор за федерации кои веќе подолг временски период важат за најдобро организирани, а тука секако влегува Карате федерација на Македонија.
 
Радува податокот за зголемениот интерес и  масивноста на млади кои се занимаваат со карате, но и големиот број на каратисти кои остваруваат врвни резултати на меѓународно ниво, и го оправдува пет-децениското постоење на каратето во Македонија.