Кошарка
5. July 2019 - 16:31

Македонските кадети ја победија Турција во првиот меѓусебен дуел

Речиси сите машки млади кошаркарски селекции веќе подолг период ги одработуваат своите подготовки за настап на континенталните првенства. 
 
Единствената селекција која ќе се натпреварува во елитната А дивизија е кадетската, односно играчите до 16 години кои во првата половина на следниот месец (9 – 18 август) ќе играат на шампионатот што ќе се одржува во италијанскиот град Удине. 
 
Како дел од овие подготовки избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ вчера и денеска се домаќини на Турција. 
 
Во првиот меч нашите кадети забележаа победа со 69:63 и тоа по продолжението откако регуларниот дел заврши нерешено 57:57. 
 
И вториот натпревар овие две селекции ќе го одиграат во големата сала на СЦ „Кале“ во терминот од 20 часот.