-->
-->
Македонските кадети го започнуваат настапот на Европското првенство во Софија
-->
Кадетската репрезентација на Македонија денеска ќе го започне својот настап во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 16 години што се одржува во Софија, Бугарија.
Кадетите предводени од селекторот Горан Ѓорѓиевски ќе играат во Д групата, во која први противници ќе им бидат врсниците од Грузија, селекција која во подготвителниот период ја победија на турнир во Истанбул.
Натпреварот Македонија – Грузија ќе започне во терминот од 17:15 часот.
По Грузијците, црвено-ќолтите редоследно за противници че ги имаат и репрезентациите на: Косово (петок), Велика Британија (сабота), Португалија (понеделник) и Луксембург (вторник).
Првопласираните две селекции од групата ќе се пласираат во 1/4 финалето, додека трето и четврто рангираните ќе разигруваат за пласман од 9-16 место. Двете последно рангирани ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка