Фудбал
24. October 2019 - 11:25

Македонските фудбалери со прогрес од едно место на најновата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од две места на ФИФА ранг-листата објавена денеска и сега е на 69. место. Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на победата над Летонија во Рига и нерешениот резултат со Израел во септемвриските дуели од квалификациите за ЕУРО 2020.

Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП, на септемвриското рангирање на ФИФА, најдобро котира Полска – на 22. место, Австрија е 27-ма, Словенија се наоѓа на 58.позиција, Израел е 86-ти, додека Летонија е 139-та.

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Англија, Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина.