Фудбал
13. јуни 2022 - 19:50

Македонските екипи се надеваат на лесни противници во Европа

Македонските претставници во европските купови утре ќе ги дознаат противниците за квалификациските рунди. Шкупи, Академија Пандев, Шкендија и Македонија ЃП се надеваат на поволна жредпка и полесни противници. 
 
Шампионот Шкупи  ќе го дознае противникот утре точно напладне а УЕФА  веќе ги скрати групите со по 5 носители и исто толку аутсајдери. 
Македонскиот првак е во групата на неносители и за противник може да ги добие Шериф Тираспол, Карабах, Слован Братислава како и Линколн Ред од Гибралтар и ирскиот Шамрок Роверс. 
 
Воведното квалификациско коло ќе се одигра на почетокот на месец Јули. 
Шкендија која ќе не претставува во конференциската лига е во групата на носители и можен противник ќе има во екипите на Сабуртало (Грузија), Флориана (Малта), Арарат (Ерменија), Тузла Сити (БиХ) и Дечиќ (Црна Гора).
Академија Пандев, е во групата на неносители и ќе игра со една од овие екипи, Динамо Тбилиси (Грузија), Алашкерт (Ерменија), Дрита (Косово), Лехија (Полска), 
Милсами (Молдавија).
Последниот наш претставник Македонија ЃП ќе игра во второто квалификациско коло.