Македонските државјани рекордери во депортации од Германија
– Во првата половина од 2022 година, германските власти депортирале вкупно 6.198 странски државјани од земјата. Најбројни меѓу нив биле државјаните на Северна Македонија и Албанија.
Mакедонските државјани го држат неславниот рекорд според бројот на депортации од Германија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на германската влада. Меѓу 6.198 странски државјани кои биле депортирани од Германија во првата половина од годината, најбројни се оние кои присилно биле упатени кон Северна Македонија- 454, јавува Дојче веле.
Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг.
Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402, а следуваат Грузија и Турција.
Коалицискиот договор меѓу СПД, Зелените и Либералите кои ја сочинуваат германската влада, предвидува „офанзива за депортација со цел поконзистентно да се спроведе обврската за напуштање на земјата“, соопшти германското МВР на барање на тамошните медиуми.
– Во случаи на престапници и лица кои се опасни, постојат прописи за олеснување на протерувањето и наредбите за притвор во очекување на нивна депортација, велат од полицијата.
Партијата Левица остро ја критикуваше практиката на таканаречените „мини-чартер летови“ во врска со депортацијата на странците кои се обврзани да ја напуштат земјата.
– Остава без зборови податокот за тоа колку ресурси се спремни да потрошат сојузните и покраинските влади за да ги протераат луѓето од земјата, изјави портпаролката на Левица, Клара Бунгер, за германските медиуми.
Според одговорот на сојузната влада на барањето на партијата Левица, властите депортирале вкупно 35 лица од Германија во единаесет „мини чартер летови“ во првата половина на 2022 година. Вкупно 167 полицајци дежурале за обезбедување на депортациите. Трошоците за овие летови ја чинеле државата вкупно 580.000 евра.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”