Loading Video...
Спорт плус
22. September 2019 - 17:03

Македонскиот борач Нуров се закити со бронза на Светското првенство во Казахстан

Македонскиот борачот Могамедгаџи Нуров, го освои бронзениот медал на Светското преносново што се одржува во Нур Сулатан, Казахстан. 
 
Тој во категоријата до 97 килограми, откако вчера преку репасаж се избори за малото финале, денеска во борбата за медал  беше подобар од Алишер Јергали од Казахстан. 
 
Иако домашниот борач имаше водство од 4-0, сепак Нуров во завршната минута успеа да направи комплетен пресврт и со неколку одлични зафати да го совлада противникот на поени со конечни 8-5. 
 
Покрај бронзениот медал, Нуров на Македонија и обезбеди и сигурен претставник на Олимпискиот боречки турнир во Токио догодина. 
 
Имено, Нуров по цели 12 години стана првиот македонски спортист кој со исполнета норма ќе настапува на ОИ, а не како што тоа беше случај на изминатите три олимпијади, кога нашите спортисти настапуваа само со специјални покани или така наречени „вајлд карти“.