Спорт плус
22. September 2019 - 15:50

Македонскиот борач Нуров обезбеди Олимписка норма и борба за бронза на СП

По цели 12 години, Македонија конечно ќе има свој претставник на Олимписките игри со обезбедена норма 
 
Тоа му успеа на борачот Могамедгаџи Нуров, кој на Светското преносново што се одржува во Нур Сулатан, Казахстан, кој во  репасажот во категоријата до 97 килограми со 2:1 го победи Николаи Чебан под Молдавија, со што обезбеди олимписка виза, а и можност да се бори за бронзениот медал на Мундијалот
 
Во битката за бронзата Нуров за противник ќе го има домашниот борач Алишер Јергали.
 
Ова е прва олимписка норма за еден наш спортист по дури 12 години, откако на последните три ЛОИ настапувавме само со специјални покани или така наречени „вајлд карти“. 
 
Последни кои на Олимпијада настапија со обезбедена норма  беа кајакарот Атанас Николовски и борачот Мирад Рамазанов и тоа на во 2008-година и игрите во Пекинг.