Бизнис
5. September 2016 - 19:36

Македонски стоки во вредност од 2,4 милијарди евра завршиле на странските пазари - Извозот зголемен за 5,2%

Извозот бележи раст од 5,2 проценти во првите седум месеци од годината споредено со истиот период лани, а во јули има годишен пораст од 12,6%.

Како што објави заводот за статистика, во периодот јануари – јули од извозот достигнал вредност од околу 2,4 милјарди евра, а увозот, кој се зголемил за 4%, достига 3,4 милијарди евра. Трговскиот дефицит е 996 милиони евра или извозот покрива 71 процент од увозот.

При тоа, во пораст е стоковата размена на готови производи, а размената на лон производи опаѓа.

Од сојузот на стопанските комори велат дека резултатите се позитивни, но и дека би биле подобри доколку не беше политичката криза.

Македонија најмногу тргувала со Германија со која во овој период бележи и раст од 14,1%. Следат Велика Британија, Србија, Грција и Италија.