Македонски шуми: Ќе бидат испочитувани сите договори за набавка на огревно дрво
ЈП „Македонски шуми“ денеска одржа колегиум во проширен состав со директорите, управителите и претставници од Владата на Република Македонија, со цел изнаоѓање решение за снабдување на огревно дрво на населението.
- Склучени се договори за 385.216 м3 огревно дрво, од кои испорачани се 327.020 м3 огревно дрво, се вели во соопштението од ЈП „Македонски шуми“.
На состанокот било договорено до 1-ви ноември да се испорачаат уште 26.492 м3 огревно дрво, а остатокот до 15-ти ноември годинава.
До крајот на годината, како што е наведено во соопштенито, 10.000 м3 огревно дрво треба да се испорачаат на правните лица согласно договорите.
- На овој начин обврските кои што ги имаме ќе бидат завршени целосно, а сите следни количини ќе бидат пуштени во продажба, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна