Спорт плус
6. December 2021 - 10:33

Македонската кик бокс маи таи федерација освои рекордни 65 медали на „Balkans Best Fighters“

Македонската кик бокс маи таи Федерација на Македонија со натпреварувачите од своите клубови викендов освои рекордни 65 медали на „Balkans Best Fighters“.

Нашите македонски клубови под организација на Кик бокс маи таи Федерацијата на Македонија предводени од претседателот Дејан Митровски Урко викендов од 3-5 декември земаа учество на „Balkans best fighters“ во Ниш со натпреварувачи од 13 македонски клубови.

1. КБК Шампион;

2. КБК Гладијатор Неготино;

3. КБК Лидер Виница;

4. КБК Тим Зоран;

5. КБК Гладијатор Штип;

6. КБК Тетово;

7. КБК Комбат Радовиш;

8. КБК Адора Работнички;

9. КБК Куманово 2000;

10. КБК Будо Кавадарци;

11. КБК Гладијатор Скопје;

12. КБК Будо Велес;

13. КБК Максам.

-КБК Тим Зоран освои пехар за најдобри на татами;

-Туркер Исмаили од КБК Шампион освои пехар за најдобар кадет;

-Марија Јанева од КБК Гладијатор Неготино освои пехар за најдобра сениорка на татами;

-Славчо Арсов од КБК Гладијатор Штип освои најдобар сениор на татами;

-Давид Јовчевски од КБК Гладијатор Скопје освои пехар за најдобар постар кадет на татами;

- Ристе Чавков од КБК Тим Зоран освои пехар за најдобар помлад кадет во кик лајт;

-Драган Пандев од КБК Тим Зоран освои пехар за најдобар кадет;

-Александар Арапов од КБК Тим Зоран освои пехар за најдобар помлад кадет.

„Задоволен сум од целокупниот успех на сите клубови кои учествуваа на ова првенство „Balkan's Best Fighters“ во Ниш на кое секоја година учествуваме во голем број и секогаш се враќаме со голем број медали. Сите македонски клубови заедно за Македонија освоија 20 златни медали, 21 сребрен и 24 бронзени медали. Ова е потврда дека и покрај ковид пандемијата и сите опструкции со примена на сите заштитни мерки со кои ни се скрши слободата сепак оној кој сака да тренира, успехот и спортските резултати се неизбежни и сами си доаѓаат. Македонските кик боксери се повеќе уживаат почит од останатите клубови и земји учеснички на првенствата каде македонските клубови земаат учество како репрезентација. Со ова можам да кажам дека кик боксот е масовна и една од најуспешните федерации во нашата земја која на Македонија и носи секогаш во голем број медали, пехари и признанија. Секоја година во ова првенство ја завршуваме и оваа година со нашите активности и првенства. Одиме уште појако следната 2022 година“, изјави Дејан Митровски Урко.