Фудбал
5. јуни 2017 - 10:16

Македонската фудбалска репрезентација на тест со Турција

 
 
Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток во 19 часот и 45 минути на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје ќе одигра контролен натпревар со Турција.
 
„Црвено-жолтите“ против Турција досега имаат одиграно седум натпревари со биланс од една победа, едно реми и пет порази. Во 1994 и 1995 година Македонија двапати загуби на контролни пресметки со 0:2 и 1:2. Во квалификацискиот циклус за СП 2002 година на „Градски“ беше 1:2, а на гостински терен 3:3.
 
Во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2004 во Португалија, македонскиот национален тим повторно беше во група со Турција и двапати загуби. Во Скопје 1:2, а во Истанбул со 3:2.
 
Единствената победа Македонија ја забележа во 2006 година на пријателски меч во Германија со резултат 1:0.