Бизнис
7. December 2020 - 14:34

Македонската економија официјално во рецесија

Падот на БДП во третиот квартал е -3,3 проценти, објави статистиката. Пад е регистриран и кај извозот и кај увозот и домашната потрошувачка. Сепак за период од 9 месеци минусот во економијата достигна до 5,7 проценти.

Министерот за економија Бектеши смета дека падот на БДП за годинава нема да надмине 4,5, Народната банка пак има многу полоши прогнози.

 

Ирена Чачкова