Македонија
14. March 2018 - 10:43

Македонската дијаспора во Хрватска против промена на името

Преку отворено писмо Заедницата на Македонците во Хрватска порача дека е против каква било промена на името на македонската држава и промена на идентитетот на македонската нација.

- Во името на Заедницата на Македонците во Република Хрватска како кровна организација на сите македонски друштва во Република Хрватска, Координацијата на Советите и претставниците на македонското национално малцинство во Република Хрватска и од сите други асоцијации и друштва на македонското малцинство во Република Хрватска праќаме отворено писмо до македонската јавност и политичките институции на Република Македонија дека македонската дијаспора во Република Хрватска е против каква било промена на името на македонската држава и промена на идентитетот на македонската нација. Македонската дијаспора во Република Хрватска цврсто и одлучно порачува дека е со Република Македонија, Македонците и сите нејзини граѓани и ги повикува државните институции на Република Македонија да не отстапат пред политичките притисоци и никако да не се согласат со ниту едно друго име освен уставното име на македонската држава – Република Македонија. Заедница на Македонците во Република Хрватска, Координација на Советите и претставниците на македонското национално малцинство во Република Хрватска , Македонски и македонско-хрватски друштва и асоцијации во Република Хрватска .