Спорт плус
13. August 2015 - 21:35

Македонијо биди горда - Одбојкарите во финале на Европската Лига!

Ако до пред некоја година беше незамисливо, сега е реалност - Македонија дојде на дофат на титулата во Европската лига. На фајналфор-турнирот во Валбжих, Полска, нашите одбојкари ја победија Естонија со максимални 3-0 и се пласираа во финалето, што можеби значи и директна виза за Светската лига.

Македонија покажа дека е сосема различна репрезенација од онаа на 5 јули, кога двапати загуби од Естонците, притоа освојувајќи само еден сет.

Црвено-жолтите момци беа сѐ подобри како одминуваше мечот. Првиот сет го добија со 25-23, во вториот беа подобри со 25-22, а третиот, иако го добија со 25-22, претходно имаа висока предност.