Македонија
27. April 2020 - 14:40

Македонија започнува лекување со крвна плазма и озонотерапија

Дел од заболените од КОВИД 19 од утре ќе почнат да се лекуваат со крвна плазма, но и со примена на озонотерапија. Министерот Филипче најави дека озонотерапијата ќе биде користена во градската болница 8 септември.

И покрај тоа што последниве денови се намалува бројот на новозаболени, Филипче за на есен очекува нов бран на болни.

Македонија е дел од студијата со повеќе земји во светот во која ќе се утврдуваат еден од четирите начини на коишто оваа болест ќе се лекува со соодветна терапија и со соодветен пристап