Loading Video...
Ракомет
20. јуни 2018 - 13:50

Македонија заедно со Словенија и Црна Гора ќе биде домаќин на организатори на женското ракометното ЕП 2022

Убава вест ни доаѓа од Глазгов, каде ЕХФ на својот конгрес донесе одлука, Македонија заедно со Словенија и Црна Гора ќе биде домаќин на организатори на женското ракометното ЕП 2022  
 
Федерациите на трите земји ги исполнија критериумите и ги задоволија сите барања при инспекциите, по што ЕХФ реши, Македонија, Словенија и Грна гора да ја добијат заедничката одрганизација на женскиот Европски шампионат во 2022 година. 
 
Во Скопје, Целње, Љубљана и Подгорица односно салите „Борис Трајковски“, „Златорог“,„Стожице“,и „Морача“ ќе се играат натпреварите од првата фаза, додека во Љубљана и Скопје ќе се играат и дуелите од втората (главна рунда),по што домаќин на завршницата на шампионатот ќе биде главниот словенечки град. 
 

Покрај условите за одигрување на овие натпревари од највисоко ниво, заедно со искуството на организација на големи настани на трите федерации, како посебно добра препорака за доделување на организацијата, ЕХФ ја издвои предложената повеќегодишна кампања за реализирање на визијата и мисијата на првенството насловена како „„We Can Handball“,

- Кампањата, како главна цел го има засилувањето на брендот на женскиот ракомет во Европа и Светот, така што со подобрување на сите негови производи, тој ќе се приближи до она што глобално претставува машкиот ракомет. Предложени се низа проекти под слоганите “We Teach Handball”, “We Travel Handball”, “We Care Handball”, “We Support Handball” и “We Work Handball”, меѓу другите, чија реализација нема да биде фокусирана само во земјите на одржување на Првенството, туку низ цела Европа, објави РФМ на својата официјална веб страница.

Целта на предложените проекти се опфаќање на широк аудиториум за приближување на фановите до своите идоли, промоција на женскиот ракомет, како и да се промовира самиот настан.