Loading Video...
Фудбал
20. September 2018 - 16:21

Македонија за две места го подобри пласманот на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија за две места го подобри пласманот на ФИФА
 
По победите над Гибралтар и Ерменија во0 првите два меча од новоформираната Лига на наци, најдобрата фудбалска репрезентација бележи скок од две позиции на ФИФА ранг-листата објавена денеска. 
 
 „Црвено-жолтите“ сега со со 1.344 бода се наоѓаат на 68. место.
 
Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (100. место), Лихтенштајн е 178-ми, а Гибралтар се наоѓа на 198. место.
 
На врвот се наоѓаат Белгија и Франција, а по нив во ТОП 10 се: Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.
 
Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 25 октомври.