Бизнис
24. јуни 2016 - 19:51

„Македонија вработува“ значително го подобри амбиентот за вработувања во приватниот сектор

Проектот Македонија вработува покажа дека државата може да спроведува активни мерки за поттикнување на вработувањата и тоа кај работодавачите.

Давајќи им поволности како што се ослободувањето од плаќање придонеси од три до пет години, проектот значително го подобри амбиентот на пазарот на труд, вели професорот Јован Пејковски.

Првиот циклус на Македонија вработува помогнал за реализација на над 19 илјади вработувања во повеќе од 10 илјади фирми. Мерките имаат широк опфат на невработени луѓе групирани по возраст и социјални околности.

Владата го оцени проектот како еден од најуспешните во оваа сфера и најави негово продолжување.

Македонија вработува 2 се очекува да влезе во собраниска процедура следната недела.