Македонија
25. January 2017 - 17:29

Македонија воспостави дипломатски односи со Малта

Република Македонија и Република Малта воспоставија дипломатски односи, што е резултатот од интензивната комуникација во текот на 2016 година на политичко и дипломатско ниво меѓу двете страни, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи.

- Ова е од исклучителна важност поради тоа што Република Малта и Република Кипар беа единствените две држави членки на Европската Унија со кои Република Македонија досега немаше воспоставено дипломатски односи, дури и по 26 години од независноста. Воедно, се работи и за земја членка која во моментов претседава со Европската унија, стои во соопштението.

Чинот, се наведува, е проследен и со предлог за именување нерезидентен амбасадор и упатување на македонски дипломат во Ла Валета.