Фудбал
31. March 2021 - 10:58

Македонија вечерва гостува кај Германија

Македонија вечерва прв пат во историјата игра против репрезентацијата на Германија во третото квалификациско коло од групата Ј, за пласман на Светското првентство во Катар кое ќе се одржи во 2022 година. 

Репрезентацијата на Германија во првите две кола забележа две победи, против Исланд на домашен терен (3-0) и на гостински терен против Романија (0-1).

Македонија пак во последните миниту од натпреварот несреќно го загуби првиот гостински меч против Романија (3-2), а на домашен терен убедливо го совлада Лихтенштајн со 5-0. Германија е апсолутен фаворит во вечерашниот дуел. Натпреварот се игра во Диузбург со почеток од 20:45.