Македонија
27. March 2023 - 16:32

Македонија - Три години во НАТО

Со тешки но храбри и државнички одлуки го заштититвме националниот идентитет и влеговме во најголемиот воено политички сојуз во светот. Премиерот Ковачевски порача ова е еден од најважните датуми, на кој пред три години станавме рамноправна членка на НАТО со што ја загарантиравме безбедноста и иднината на државата. Живеењето во неизвесност и е добро познат на Македонија затоа како дел од  Алијансата безусловно и помагаме  на Украина која повеќе од една година се бори да го зачува својот суверенитет и интегритет.

Членството во НАТО за граѓаните носи стабилна економија, странски инвестиции и побрз развој на патот кон членство во ЕУ порача премиерот Ковачевски.

Целта не била само да ја внесат армијата во НАТО туку и НАТО во АРМ а за таа цел постојано го зголемуваат буџетот за подобрување на стандардот, опрема и модернизација на одбраната.

Македонската Армија не само преку учествата во мисиите на НАТО, покажа колку е подговтвена и за време на пандемијата, големите пожари во земјава, спасувачките акции во Турција која беше погодена од разорниот земјотрес.

27 март, армијата го одбележа со воено показни вежби. За цело време прелетуваа сојузнички воздухоплови.

На свеченоста во Касарната Илинден присуствуваа претставници на државниот врв, дипломати, гости од безбедносните структури.