-->
-->
Македонија тагува: Ова се дечињата кои изгореа во пожарот
-->
Порталот на албански јазик albeu.com, денеска објави фотографија од четирите деца кои вчера настрадаа во пожар во семејниот дом, заедно со нивната мајка во Тетово, поради што е прогласена тридневна жалост.
Фатиме Зулбеари (39) со четирите малолетни деца, три машки и едно женско, на возраст од 6, 9, 12 и 14
години ги загубија животите во вчерашниот пожар, а денеска беа погребани.
Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека околу 5 часот бил пријавен пожар во куќата на 78-годишниот тетовец С.З. на улица „Гоце Делчев“ во Тетово.
-Опожарен е покривот и горниот кат на куќата, а во пожарот настрадале неговата 39-годишна снаа Ф.З. со четирите малолетни деца, три машки и едно женско, на возраст од 6, 9, 12 и 14 години, информираат од МВР.
Сопругот и татко бил ноќен чувар и не бил во домот кога се случил пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228