Македонија
9. July 2021 - 16:37

Македонија станува коридор за природен гас

Македонија ќе стане енергетски коридор на Балканот. Денеска во Атина е потпишан договорот за изгрдба на интерконекторот за природен гас. Овој гасовод треба од Грција да го носи енергенсот до Гевгелија и од тука ќе може да се дистибуира низ земјава, но и низ соседните земји. Проектот тежи над 100 милиони евра, а половина од парите се инвестиција на Македонија. Пристапот до гас ќе донесе повеќе придобивки за македонската економија.

Грчкиот министер за животна средина вели дека со овој проект земјава ќе го намали загадувањето.

Според премиерот Заев, пристапот до нов извор на гас ќе го направи регионот поатрактивен за странските инвеститори.

Изградбата на гасоводот треба да почне догодина. Цевководот ќе биде долг 54 километри, а ќе ја користи инфраструктурата на грчкиот оператор со природен гас Десфа.