Македонија
11. October 2021 - 16:32

Македонија сеуште нема датум за почеток на вакцинацијата против сезонски грип

Со 40 000 вакцини против грип здравствените власти ќе ги заштитуваат ризичните групи во земјата. Но кога ќе почне имунизацијата нема конкретен одговор бидејќи тендерот завршил но не и роковите за жалби кои дополнително го пролонгираат процесот за пристигнување на планираните дози.

Во време на пандемија многу земји во Европа и од соседството набавуваат големи количини и бараат од населението вакцинација против двата вируси поради компликациите кои може да ги предизвикаат. Во Македонија согласно препораките на Комисијата за заразни болести категориите на лица кои треба да бидат вакцинирани против грип е десетпати поголема од најавената пратка. Од МЗ велат ако има потреба ќе направат и дополнителна набавка и боцкањето со овие вакцини е бесплатно.

И додека ние ги чекаме тендерските процедури, од денеска во Србија почна имунизацијата против грип со 100 000 вакцини од Торлак а очекуваат пристугнување на многу поголема количина. Српските епидемиолози со апел до сите ранливи категории – особено до хронично болните и лица со малигини заболувања да примат вакцина. Велат во ист ден и исто време може да добијат заштита и од грип и од ковид. 

-Според последните и најнови препораки, вакцините против грип и ковид можат да се примат во исто време на двете раце. На едната рака против ковид на другата против грип. Заштитата од вирусот на грип оваа сезона е од голем означење имајќи ги во предвид компликациите кои можат да настанат доколку во исто време се здружат и грипот и ковидот, вели Верица Јовановиќ, директор на Инситутот за јавно здравје “Милан Јовановиќ Батут”

Според препораките на здравствените власти, бесплатните вакцини против грип се наменети за стари над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца до 5 години.

Освен бесплатните комерцијалн ивакцини набавуваат и Центрите за јавно здравје.