Македонија
26. December 2019 - 20:23

Македонија повторно на 56-тото место според Индексот на човекови слободи

Исто како лани, и годинава земјава е рангирана на 56-тото место според Индексот на човекови слободи.

Споредбено со минатата година државата бележи благ раст од 0,07 индексни поени ( односно од 7,27 на 7,34).

Поените на американскиот Институт Като се одредени според 76 индикатори поврзани со личните и економски слободи во повеќе сфери, меѓу кои и владеењето на правото, безбедноста и сигурноста, слободата на движење, на вероисповед, на здружувањето и граѓанското организирање, на изразување и на информирање.

Од 162 земји на врвот на светската листа е Нов зеланд, а на дното е Сирија. Од земјите во регионот зад нас се Грција и Србија, а најдобро рангирана Балканска земја е Словенија на 35 –тото место.