Ракомет
15. January 2022 - 19:36

Македонија поразена од Црна Гора

Македонската ракометна репрезентација го забележа и вториот пораз на ЕП, овој пат од селекцијата на Црна Гора со резултат 24:28.

Во првиот дел по лошиот старт, успеавме да дојдеме резултатски блиску до противникот и на полувреме да одиме на само -1 (16:17).

Веднаш на стартот од вториот дел доаѓаме до нерешено, Црна Гора не ни дозволи да направиме нешто повеќе и да влеземе во поголема серија.

Како одминуваа минутите, грешките во нашата репрезентација беа се поголеми, а најголем „виновник“ за тоа што Црна Гора не не победи со поголема разлика беше Никола Митревски, кој во вториот дел забележа 6 интервенции, вкупно 8 на натпреварот.

Црна Гора го контролираше финишот од средбата, практично играа гол за гол и ја сочуваа предност до самиот финиш од натпреварот.

По овој натпревар, на Македонија и преостана уште натпреварот против Данска, каде ривалот е апсолутен фаворит.