Спорт плус
24. August 2016 - 22:38

Македонија пак загуби од Словенија

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби последниот контролен натпревар во пресврт на квалификациите за Еуробаскет 2017. Вечерва Македонија загуби од Словенија со  82:67 (21:24; 22:14; 17:16; 22:13 ). На вчерашниот прв натпревар на овие две селекции што беше од затворен тип Словенија ја победи Македонија со 84:68.
Македонските кошаркари благодарение на добрата реализација го добија првиот период, но Словенија во продолжението беше порасполжена и го презеде водството. Во 34.минута Словенија првпат поведе и со двоцифрена предност (67:56).
Најефикасни кај Македонија беа Ромео Тревис со 16 поени, Војдан Стојановски уфрли 14 со поени, а Дамјан Стојановски постигна 12,  додека кај Словенија најпрецизен беше Клемен Препелиќ со 18 поени.
Македонија првиот натпревар од квалификациите го игра на домашен терен во Кавадарци на 31.август.