Македонија
18. July 2016 - 17:51

Македонија пак, од лани го подигна нивото на безбедност на границите

И по неколку месеци од затварањето на балканската бегалска рута  обидите за нелегален премин на грчко македонската граница од страна на бегалците и мигрантите продолжуваат. Тие и понатаму секојдневно се обидуваат да влезат на македонска територија и од тука да го продолжат нивниот пат до некоја од западноевропските земји. За разлика од претходно кога македонските безбедносни сили во едно денонокие спречуваа помеѓу 150 до 200 лица,  после целосното затварање на рутата  и дислокацијата на дивиот камп кај Идомени таа бројка е многу помала  и се движи помеѓу 50 до 60 лица на дневна основа. Најчесто  се работи за помали групи кои многу брзо се откриваат од страна на  полициските и армиските патроли и се одвраќаат од таквата намера.

Во голем број случаи обидите за нелегален премин на државтата граница мигрантите и бегалците ги прават сами, но не ретко во нивните намери тие добиваат поддршка од грчка страна , но и од криумччарите во Македонија.

 Најчестите  обиди за нелегален премин на границата и понатаму се регистрираат на потегот помеѓу Дојран и Гевгелија, но во последно време, посебно откако беше целосно затворена балканската рута патролите на безбедносните сили кои добиваат поддршка и од полициските тимови од Чешка, Србија, Австрија, Хрватска и Словачка вакви обиди откриваат долж целата јужна гранична линија почнувајќи од Меџитлија па се до струмичко.

Бројот на намалении обиди за нелегален премин на границата според познавачите на состојбите не треба да значи дека во иднина  притисокот од страна на мигрантите нема да биде зголемен,  посебно ако се земат во предвид последните случувања во Турција и фактот што на грчка територија сеуште се наоѓаат околу 57 000  бегалци и мигранти на кои не им успеа да стигнат до зацртаната цел.