Македонија
28. July 2021 - 17:57

Македонија од утре под топлотен бран - работодавачите добија препорака да ги ослободат најранливите групи од работа

Стапуваат на сила мерките за заштита од топлотниот бран. Земјава влегува во портокалова фаза со температури над 40 степени за што владата донесе сет мерки. Во следните четири дена бремени жени и постари од 60 години се ослободуваат од работа. За децата во градинка се препорачува да не излегуваат надвор и да немаат физички активности во најжешкото. До крајот на неделава се забрануваат активности на отворено за сите правни субјекти во период од 11 до 17 ч. Државниот инспекторат за труд ќе ги засили контролите на отоврено но и во затворени простории.

Владата зазема став работодавците да го реорганизираат работното време за да ги заштитат вработените директна изложеност на сонце. Ова особено важи за градежните работници. Ги потсетуваат надлежните во ризичните производни и технолошки процеси да ги почитуваа законските прописи. Од синдикатот на градежници велат има несовесни работодавачи кои не ги почитуваат мерките. Апелираат да се реорганизира работното време или да ги ослободат од активности додека трае топлотниот бран.

Секој може анонимоно да пријави инспекторатот за труд доколку не се почитуваат мерките донесени од Владата. Казните за работодавците се од 500 до 4000 евра. Од Владата препорачуваат единиците на локална самоуправа, црвен крст и центрите за социјални работи поактивно да пристапат и пружат помош на осамени, изнемоштени и бездомни лица