Македонија
28. February 2017 - 10:38

Македонија на нозе - денеска протести во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Кичево

На иницијатива на здружението „За заедничка Македонија", кое со вчерашниот собир сакаше да порача на сите политички партии да го почитуваат Уставот, да се обврзат дека нема  да го променат името и да не прифаќаат платформи создадени за туѓи интереси, денеска ќе се одржат повторно протести. 
 
За денеска се најавени протести во неколку градови низ Македонија, Скопје, Битола, Прилеп, Штип и Кичево, со цел да се одбрани Македонија и да се зачува унитарноста на државата.
 
Протестите како што е најавено, ќе се одржуваат секој ден додека не се исполнат барањата. Нивна цел е зачувувањето на уставниот поредок, почитување на сите политички субјекти на Уставот, на сите партии, избегнувањето на делување по туѓи диктати…