Loading Video...
Фудбал
13. јуни 2021 - 20:35

Македонија може повеќе, одиме на победа со Украина

Македонската фудбалска репрезентација е поразена со 3-1 од Австрија на стартот од ЕП во меч во кој одигравме две различни полувремиња и на крајот му пруживме рака на противникот кој денеска беше подобар. 
За нас нова историја, Горан Пандев го постигна првиот погодок за Македонија на едно големо натпреварување. 
Австријците први го отворија резултатот со погодокот на Лајнер по една добро изработена акција. Но не за долго откако  по грешка на противничката одбрана  нашата икона, Горан Пандев успеа да казни и да го израмни резултатот на 1-1. 
Во вториот дел Австрија притисна но ние иако повлечени знаевме да се заканиме, а одлична прилика не реализира Николов.  
Противникот продолжи со опасните нафрлувања и по заканата на Арнаутовиќ   и добрата одбрана на Димитриевски  ваквата игра им се исплатеше и Грегориќ носи ново водство за Австрија кое до крајот  Арнаутовиќ успеа да го зголеми на конечни 3-1. 
Стартен пораз кој сепак не треба да обесхрабрува.  Впечаток е дека избраниците на селекторот Ангеловски можат подобро и повеќе бидејќи ова беше игра под очекувањата   и далеку од нивото од дуелите со Германија,  Словенија и Казахстан. 
Затоа веруваме дека Македонија ќе одигра подобро  против Украина за четири дена и тука ќе ја бараме шансата за први бодови. Еуфоријата мора да стивне и со ладни глави да продолжиме понатаму.  Атмосфера има, тука се и бројните фанови во црвено-жолти дресови кои го преплавија Букурешт  и  секогаш се подготвени да помогнат.   Успехот е тука, историски и затоа нема што да се загуби. Македонскиот фудбал добива со секој меч, со секој гол и затоа спортски е да се надеваме и на првата победа на големите натпреварувања.