Македонија лидер во регионот по бројот на нови случаи позитивни на Ковид-19
Македонија останува лидер во Европа според новодијагностицирани случаи на Ковид-19 на 1 милион жители. Со 80 новодијагностицирани случаи Македонија е пред БиХ каде вчера се пријавени 217 позитивни случаи или 66 на 1 милион жители.
Бугарија вчера регистрираше негативен рекорд со 330 нови случаи или 47 на 1 милион, а интензивно расте бројот на новодијагностицирани случаеви и во Србија каде статистиката вчера изброја 266 позитивни случаи или 30 на 1 жители.
Бугарија од денес воведува нови рестрикции, а во Србија иако се откажа полицискиот час сепак се воведуваат серија ограничувања во насока на намалување на контактите меѓу луѓето.
Во Македонија според последните анализи на Институтот за јавно здравје најлоша е состојбата во Ресен и Штип каде епидемиолозите пресметаа инциденца над 780 што е број на позитивни на милион жители, во Скопје оваа бројка изнесува 591, а главниот град очекувано во апсолутни бројки има најмногу позитивни случаи на Ковид-19.
Во моментов во болниците низ Македонија хоспитализирани се вкупно 412 пациенти од кои најмногу се во ГОБ „8 Септември“ односно 94, од кои 4 се на респиратор.
92 пациенти се лечат и на Инфективна клиника во Скопје, а во болницата во Козле има 5 деца и 20 возрасни пациенти.
Статистиката за последните 24 часа се очекува да биде објавена во текот на денот.
Ново на Сител
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК