Македонија
2. May 2018 - 19:54

Македонија ќе отвори почесни конзулати во Едрене и Алмати

 Република Македонија ќе отвори почесни конзулати во Турција, со седиште во Едрене и во Казахстан, со седиште во Алмати, одлучи Владата на денешната 66. седница.

Во исто време, за почесен конзул на Република Македонија во Турција е именуван Есер Џевахир, додека за почесен конзул на РМ во Казахстан е именуван Султан Мукшаев, се наведува во соопштението на владината прес-служба.