Македонија
2. July 2020 - 12:31

Македонија изолирана – границите отворени

Србија, Косово и Албанија се единствениот избор за македонските патници откако Европската Унија вчера реши да ја изолира Македонија поради лошата слика со пандемијата на корона вирусот.

Границите со соседна Грција остануваат затворени а македонскиот пасош не поминува ниту на аеродромите.

 Ние нашите ги отворивме вчера а таму, речиси двојно повеќе луѓе си заминаа од бројот на патници кои вчера долетаа во Македонија.

Од скопскиот аеродром вчера одлетаа вкупно 448 патници, а пристигнаа 292, додека на аеродромот во Охрид, пристигнаа 38 лица, а заминаа вкупно 144 патници.

Вкупната бројка покажува дека вчера од Македонија заминале 592 лица, а пристигнале 330.. Инаку вчера Грција на своите гранични премини на аеродромите спровела над 4.000 тестирања по случаен избор што е 5 пати повеќе од бројот на тестови кој Македонија го спроведе вчера на својата територија.

Грчките медиуми пишуваат дека интензивното тестирање на граничните премини вчера далe 10 позитивни резултати што е речиси половина од вкупниот број на позитивни кај јужниот сосед кој вчера таму изнесувал 23.

Најголем дел од нив влегле на граничниот премин Кулата меѓу Бугарија и Грција.. Дел од патниците кои влегле преку тој граничен премин првин се обиделе во Грција да влезат преку Евзони но откако грчките власти без најава ги спуштиле рампите, биле пренасочени да влезат преку Бугарија.

Според најавите, Евзони останува затворен до 15 јули.