Македонија и Германија ќе се прошируваат соработката во одбраната низ нови форми

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на СР Германија во Република Македонија, Кристине Алтхаузер.
Генералот Величковски искажал благодарност до СР.Германија за поддршката за евроатланската интеграција на Република Македонија, како и за заложбата за прием на нашата држава во НАТО.
Како што денеска соопшти МО, началникот на ГШ на АРМ Величковски ја истакнал одличната меѓуармиска соработка помеѓу АРМ и германскиот Бундесвер, каде во високите воено-образовни институции се школувале над 150 припадници на АРМ, како и за извршувањето на задачите на припадниците на АРМ заедно со припадниците на германскиот Бундесвер, на северот од Авганистан во состав на регионалната команда во Мазар Ел Шариф.
Амбасадорката Алтхаузер нагласила дека соработката во областа на одбраната е од исклучителна важност за двете држави и оти во иднина таа ќе се проширува низ нови форми, при што уште еднаш беше потврдена поддршката за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.
На денешната средба на началникот на ГШ на АРМ Методија Величковски и амбасадорката Алтхаузер бил присутен и одбранбеното аташе на СР Германија за Република Македонија, потполковник Гвидо Алтендорф кој оваа функција ја обавува од Тирана.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
