Бизнис
17. July 2020 - 16:37

Македонија и Албанија со најнизок раст на БДП во регионот

Само Албанија има полош БДП од земјава во регионот. Според Еверопската комисија во првиот квартал од оваа година, кога економиите секаде се затвораа заради корона кризата, земјава остварила раст од незначителни 0,2%. Највисок раст пак забележала Србија од 5%. Биознис секторот во земјава смета дека нашата економија поминала полошо заради тоа што од почеток на годината се знаеше дека сме во изборен цикулс и фирмите беа резревирани, а короната само дополнително негативни се одрази. Кризата засили во вториот квартал, а ќе продолжи и до крајот на годината, велат од ССК. Домашните фирми бараат посилна поддршка за да го пребродат периодот.   

Бизнис секторот апелира до новата Влада напрво да обезбди помош за компаниите, а потоа да изработи и стратегија за конечно да се знае по која патека ќе се движ=и домашната економија.

Според ЕК, и по невработеност земјава е претпоследна во регионот. Во првиот квартал стапката изнесувала 16,2%, а Црна Гора иако с еуште нема доставено податоци,  се очекува дека  ќе има помоши бројки.