Македонија
8. December 2018 - 16:05

Македонија го слави денот на Свети Климент Охридски

Православните христијани денеска го слават делото на Свети Климент Охридски. Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска, духовна и душегрижничка. Неговите творби се најубавите дела на старомакедонскиот словенски јазик и писмо.

По тој повод во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се одржа литургија на која присуствуваа голем број верници. Говор оддржи и митрополитот повардарски (господин) Агатангел, кој рече дека кога Климент Охридски го водел македонскиот народ, тој бил поблиску до бога.

Во Собранието беше доделена и државната награда „Св. Климент Охридски“. За остварување во областа на вопитанието и образованието им беше доделена на просветните работници Кимет Агаи и Аднан Агаи. Режисерот Владимир Милчин, балеткиот уметник Емилија Стаменковиќ Џипунова и писателот Томислав Османли се наградени во областа на културата и уметноста. Во областа на здравството, наградата ја доби професор доктор Борислав Каранфилски, патофизиолог, специјалист по нуклеарна медицина.

Честитки за празникот пристина од државниот врв.

-Сите генерации после него, и идните што доаѓаат, имаат пред себе пример за духовник кој применувал богослужба и создавал словенски свештенички кадар, затоа што бил свесен за важноста на духовната поткрепа на луѓето, кои тогаш ја наоѓале во Црквата, се вели во честитката од премиерот Заев.

Честитка испрати и претседателот Иванов.

- Климент Охридски со своите благо угодни зборови го упати народот во верата, а со своите дела се издигна кон божествениот и блажен живот, стои во честитката.

Честиташе и претседателот на Собранието, Џафери.

Почитувани граѓани, Ви посакувам убав празничен ден, исполнет со душевен мир и семејна топлина, со верба и надеж дека сите знаеме како меѓусебно да се почитуваме, сакаме и можеме да бидеме подобри луѓе, вредни граѓани на заедницата и одличен пример за регионот и светот, се наведува во честитката на Џафери.

Честитка упати и опозицискиот лидер, Мицкоски.

-Создавањето на кирилското писмо кое просветли многу народи е дел од плодовите на неговата работа, дело кое за век и векови ќе остане врежано во светското културно наследство, се вели во честитката.