Македонија
2. December 2019 - 16:39

Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Лицата со попреченост во земја се уште се соочуваат со општествени бариери. Немањето звучни семафори, непристапност до установи, се само дел од препреките поради кои слепите и лицата со телесна попреченост се приморани да останат дома. Немаат ниту еднакви права во образовниот процес, социјална и здравствена заштита.

Премиерот како и министрите за труд и социјална политка, образование и здравство велат дека се вложуваат напори за да им се олесни секојдневнието на овие лица.. важно e да зголеми свеста за  нивните квалитети и капацитети.

Денеска се одбележува Mеѓународниот ден на лица со попреченост. Во земјава околу 200 000 граѓани се лица со попреченост. Според податоците на Светска здравствена организација, 15 проценти  или една милијарда луѓе во светот имаат некаков вид на хендикеп. Стапката на инвалидност постојано се зголемува, поради стареењето на населението и глобалниот пораст на хронични здравствени состојби.