Македонија
11. March 2017 - 16:05

Македонија е на нозе: Двојно повеќе демонстранти од сите претходни денови вчера излегоа во 26 града против платформата од Тирана

Со концерт во градскиот парк иницијативата за заедничка македонија против тиранската платформа и рушење на унитарноста на државата.

Поддршка преку мини концерт денеска дадоа групата Паркети и Даниел Кајмаковски. Од бината преку песна Даниел им порача на бројните  поддржувачите да си ја сакаат и чуваат Македонија.

Омразата не носи ништо добро порачаа од групата Паркети. Наместо платформа која создава национална омраза предлагаат платформа за екологија, култура, уметност.

Од Граѓанската иницијатива и денеска побараа да се отфрли целосно тиранската платформа. Не е важно како се нарекува истата важно е што суштината на платформата не е за доброто на државата.

Граѓаните и денеска дојдоа на музичкит хепенинг да дадат поддршка и да го изразат револтот против промена на уставот и унитарноста на државата.

Од иницијативата за заедничка Македонија информираат дека нивните активности продолжуваати и утре преку слични настани а од понеделник повторно со мирен протестен марш.