Македонија
14. September 2019 - 11:08

Македонија доби европска трансфузија

Повисок квалитет и побезбеден транспорт на крвта во соодветни возила Институтиот за трансфузиона медицина од Скопје ги исполни сите квалитети за безбедно дарување и чување на крвните продукти.

Во установата комплетно се реновирани 830 метри квадратни и досегашното рачно обработување на крвните продукти е заменето со современи апарати со што се исклучува човечка грешка при обработката и процесуирањето на крвните продукти.

Со воведување на „делфин системот“ точно се знае колку крв во моментот има во државата, а Институтот е комплетно опремен со најнова апаратура за потребите на установата.

Позитивни оценки за контролата и квалитетот на крвта имаат добиено од високи експерти од оваа сфера  од Европа.

Александар Динев