Loading Video...
Македонија
23. May 2022 - 16:32

Мајмунските сипаници на дневен ред на Комисијата за заразни болести

Дали македонскиот здравствен систем е подготвен за евентуална појава на мајмунски сипаници? Каков е процесот на изолирање на заболен и ќе има ли ограничувања и мерки за патници од ризични региони? Овие прашања ќе бидат предмет на дискусија на состанокот на Комисијата за заразни заболувања во среда, откако ова вирусно заболување стана топ тема во светските медиуми по ширењето во поголем број на земји и континенти.

- Очигледно е дека ситуацијата веќе е во фаза да предизвикува загриженост во светски рамки. Не сакаме ние како држава д азаостануваме во следењето на состојбата иако како Комисија и досега редовно ги следевме информациите со појавата и ширењето на мајмунските сипаници и токму тоа и ќе дискутираме каква е состојбата и колку е подготвен системот, вели др. Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ

Дека состојбата е загрижувачка сведочат и најавите од СЗО дека работат на изготвување на упатства за ублажување на ширењето на мајмунски сипаници, особено поради фактот дека бројот на случаи би можел дополнително да се зголеми во текот на летните месеци. Она што засега се знае е дека овој вирус не се шири како ковид 19 и дава поблага клиничка слика.

-Она што се знае е дека резервоар односно извор се животните но може да се пренесува и од човек на човек со тоа што е намалена преносливоста во однос на овчите сипаници, вели др. Маја Василева Дугановска, инфектолог и раководител на оддел за инфективн иболести во ГОБ 8-ми септември

Додека експертите изготвуваат упатства, Белгија е првата земја која воведе 21 дневен карантин за позитивните на мајмунски сипаници а изолација од три недели за болни препорачува и Велика Британија. СЗО предупреди дека светот се соочува со сериозни предизвици а лекари алармираат дека многу болести од пред пандемијата сега кај поранливите категории на граѓани даваат многу потешки клинички слики.