Балкан
30. December 2017 - 19:48

Мајко: И Албанија е против укинување на Специјалниот суд

- Албанија се приклучи на притисоците на САД и Велика Британија кон Приштина да не го укинува Специјалниот суд за воени злосторства на Косово и Метохија.

- Во заблуда се сите кои мислат дека САД, Велика Британија и ЕУ се согласни со укинување на Специјалниот суд, порача на Фејсбук  министерот за дијаспора Пандели Мајко. 

Според него, погрешно е да се мисли дека САД, Велика Британија и ЕУ ќе ја премолчат веќе донесената важечка одлука за формирање на таа судска институција.

Мајко смета дека Косово не е лично прашање, а законите, како што вели, не се однесуваат на лични судбини. 

Пандели Мајко оцени дека Приштина води апсурдна политика кога станува збор за Специјалниот суд и предупреди дека барањето за негово укинување влева страв за иднината.

Тој потсети дека на укинувањето на Специјалниот суд се противат САД и Велика Британија и дека Приштина доби предупредување од Стејт департментот.

Специјалниот суд е формиран заради судење на сторителите на воени злосторства на Косово и Метохија во периодот од 1998 до 2000 година.