Мајкл Блумберг донира 100 милиони долари во кампањата на Бајден на Флорида
Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, издвои најмалку 100 милиони долари за да му помогне на демократскиот кандидат Џозеф Бајден во претседателската кампања во клучната сојзуна држава Флорида. Финансиската инфузија на Блумберг ја покажува загриженоста на демократите за прилично изедначената поддршка на двајцата кандидати во оваа држава, која, пак, е приоритет на претседателот Доналд Трамп.
Победата на Бајден на Флорида значително ќе го комплицира патот на Трамп до 270 гласа на Изборниот колеџ потребни за обезбедување на вториот мандат.
На крајот на минатата година, милијардерот Блумберг влезе во трката за претседателски кандидат на Демократската партија. Иако потроши милијарда долари во својата кампања, Блумберг во март се откажа од трката и набрзо го поддржа Бајден.
Гласањето во Флорида почнува на 24 септември, затоа е потребно што побрзо да се вложат средства во таа сојузна држава, рече советникот на Блумберг и најави дека поголемиот дел од парите ќе ги потроши на телевизиско рекламирање.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина