Мајката залудно бараше помош: Крадец го украл автомобилот со малечката Кјара (2) во него и ладнокрвно го турнал во река, таа почина во болнциа | Сител Телевизија
Живот
20. March 2018 - 15:15

Мајката залудно бараше помош: Крадец го украл автомобилот со малечката Кјара (2) во него и ладнокрвно го турнал во река, таа почина во болнциа

Двегодишната Кјара Мур од Кармартенпира во Западен Велс, која следната седмица требало да наполни три години, трагично починала кога крадец, кој го украл возилото додека малечката била внатре, ладнокрвно го турнал возилото во река заедно со неа во него.

Автомобилот е украден вчера во 15.30 часот, а полицијата подоцна го пронашла во реката Тејфи. Спасувачките екипи го ослободиле детето од возилото и го префрлиле во болница.

Девојчето е пронајдено во сив „мини“ кој плутал во реката, од кого крадецот се ослободил бегајќи од полициската потера.

Мајката на Кјара Кимберли Роуландс вчера околу 15.30 часот буквално излегла на минута од возилото за да подигне готовина и затоа го оставила малечкото внатре. Веднаш се вратила, но возилото го немало. Несреќната мајка се огласила на Фејсбук: „Може ли некој да види дали е некаде моето возило, украдено е со ќеркичката која е внатре. Ве молам, споделете“.

Овде злосторникот го турнал возилото и малечката Кјара упаднала во ледената река.

Полицијата два часа трагала по сребреното „мини“ на Кимберли и конечно го пронашла во реката Тејфи. Спасителите успеале да го извадат детето од возилото. Го префрлиле во болница, но малечката ја изгубила борбата со животот, само недела дена пред прославата на својот трет роденден.

Таткото на Кјара, Џет Мур, потврди на Фејсбук дека малечката починала ноќеска во болницата, со срцепарателна порака дека имала „одличен, но краток живот“.

Полицијата извести дека до сега никој не е уапсен и дека истрагата е во тек. Исто така ги замоли сите потенцијални сведоци да се јават.