Балкан
1. September 2016 - 10:13

Мајката на Стефан: Тој се самоуби поради сиромаштија, го напушти училиштето бидејќи немавме пари за автобус!

Трагедијата која се случи пред неколку дена, кога е пронајдно безживотното тело на осумнаесетгодишниот Стефана Симиќ во близина на реката Тиса, предизвика ужасен шок кога се утврдија причините за самоубиството.
 
Нема поголема болка, од таа за изгубеното дете, изјавила мајката Марија за српски Телеграф, и додала дека Стефан не можел повеќе да ја издржи сиромаштијата во која живееле.
 
- Моето дете сакаше да учи и да има подобар живот, но минатата година не можеше да заврши трета година за готвач во Бечеј затоа што немавме да му дадеме ниту пари за автобуски билет, - плачејќи говорела мајката.
 
- Молев од врата на врата за помош. Немавме струја, никакви услови за живот, но и покрај тоа тој имаше желба да учи.
 
Стефан и неговата мајка живееле од социјална помош. Тоа неделно попладне заминал од куќата, вели мајката:
 
- Мислев дека е кај другар во викендица, но кога не се појави во понеделникот, повикав полиција. Ги повикав сите негови другари и тргнавме во потрага.
 
Телото на Стефан го пронашол негов другар покрај реката, обесен на дрво. За ужасната сцена никој не сакал да зборува.
 
На друштвените мрежи од неговите пријатели има само трогателни пораки - „Добрите умираат млади“...„Брат, живееш во нашите срца! Почивај во мир!“