Свет
27. February 2021 - 14:23

Мајка си ги фрла децата од прозорец за да ги спаси од пожар | ВИДЕО

Мајка од Истанбул  низ прозорот од станот ги фрла своите 4 деца од третиот спрат за да ги спаси од пожар.

Повеќе од десетина граѓани се собрале пред зградата во која горел стан и рашириле ќебе и церада за да можат да ги фатат децата кои мајката со солзи во очите ги фрлала за да им го спаси животот.

Луѓето врескале во паника и ја молеле мајката да не ги фрла децата.

Турските медиуми јавиле дека децата поминале без повреди, а дека мајката кратко била хоспитализирана.

Пожарот, како што наведуваат медиумите, избил од табла со осигурачи.