Живот
14. September 2017 - 12:01

Мајка од пеколот: Децата ги чувала заклучени во кафези, кога ги ослободиле децата шиштеле како змии

Малиста Нес-Хопкинс од Вирџинија е обвинета дека наводно своите деца ги држела во кафези.

Против 38-годишната Малиста е покренато обвинение за злоставување и занемарување на своите деца, а две од нив, од вкупно пет, на возраст од 2 односно 3 години наводно ги држела во затворени колевки со решетки кои можеле да се отвараат само од надворешна страна.

Останатите деца се пронајдени како живеат во нечистотија во блиската куќа во Мирс.

Кејт Бонивел, социјалната работничка, детално ја опиша шокантната сцена кога влегла во домот на Малиста на 28 јуни. Таа на судот на прелиминарното сослушувањет рече дека и требале повеќе од 20 минути да ги ослободи децата од импровизираните кафези иако користела електричен одвртувач.

Додека ги ослободувала децата шуштеле и произведувале „животински звуци“, а кога конечно ги тргнала решетките децата не знаеле што да прават и се плашеле да излезат.