Живот
17. March 2017 - 13:15

Мајка од пеколот: Брутално ја задушила својата ќерка зошто и рекле дека е опседната со зли духови

Младата мајка Софина Никат од Австралија имала проблеми со својата ќерка која станувала пораздразлива па ги прашала своите родители за совет околу детето.

Нејзините родители живееле на Фиџи, а таа во Австралија се доселила наводно поради договорен брак.

Родителите наводно и одговориле дека тие се консултирале со имам, кој открил дека нејзината ќерка Санаја „има негативна енергија“ и дека ја запоседнал зол дух.

Како што се наведува, Софина Никат потоа зела света вода и се молела за да го избрка лошиот дух.

Никат во полизија изјави дека нејзината ќерка тој кобен ден „плачела и завивала“, ја гребела и ја влечела за коса, и дека сега и е подобро „на подобро место“.

Таа е обвинета за убиство на девојчето, откако телото на девојчето е пронајдено во река.

Признала дека ја однела својата ќерка во прошетка за да престане да вреска. Исто така признала дека и ги покрила носот и устата, се додека не можела повеќе да дише и потоа ја фрлила во потокот.

Пред да го признае убиството, тврдела дека детето и го украл Африканец и дека отрчала до куќата на својот вујко за да пријави киднапирање.

Тие тврдења ги демантираат снимките од надзорните камери кои ја покажуваат госпоѓа Никат како во парк во количка за бебе ја вози својата ќерка, а потоа и како излегува од паркот и вози празна количка.

Убиството го направила во април 2016 година, а во тек е судењето.